Штербик го донесоа како спасител, па по еден меч го испратија на – трибини!

Селекторот на ракометната репрезентација на Шпанија, Жорди Рибера, неочекувано направи промена во пресрет на денешната пресметка против Бразил (18 часот) и тоа на голманската позиција каде што го врати Родриго Коралес и тоа на местото на Арпад Штербик.

Поранешниот голман на Вардар беше донесен како спасител во пресрет на првата фаза, но бранеше само на дуелот против Франција по што е преселен на трибините. Една од причините најверојатно е фактот што „црвената фурија“ веќе речиси и да нема шанси за пласман во полуфиналето, па Рибера не сака да го оптоварува ветеранот на натпревари без поголемо резултатско значење.

Шанси Штербик повторно да го облече дресот на Шпанија, сепак, постојат со оглед што ова е прва замена па постои можност тој повторно да се врати во составот на „фуријата“.