Шпанија ја растури Чешка со 17 разлика

Селекцијата на Шпанија, во чиј состав има еден вардарец Жоан Кањелас, кој даде три гола ја растури Чешка во првиот меч од Д-групата, победувајќи со 17 голови разлика (32-15) на Европското првенство во ракомет.

Шпанците од самиот старт го дикрираа темпото и само од минута во минута ја зголемуваа разликата на теренот, па по седумте гола предност на полувреме (16-9), уште пофуриозно одиграа во вториот дел кога на противникот му дозволија да даде само шест за половина час и така да стигне до преубедлив триумф.

Валеро Ривера, Феран Соле и Раул Ентрериос дадоа по пет гола и беа најефикасни во шпанскиот тим. Оваа тројка даде ист број на голови како целиот тим на Чешка, во чиј состав само Станислав Каспарек погоди петпати, но од 12 обиди.

Во вториот меч во оваа група играат Данска и Унгарија.