Шпанија и Франција направија чекор напред кон полуфинале на ЕП

Франција немаше милост за денешниот противник Холандија, па запиша уште една голема победа од 34-24, додека Германија го загуби дербито од Шпанија со 23-29.

Французите го отворија натпреварот со серија од 5-0, по што јасно покажаа дека нивната намера е триумф на почетокот на главната фаза од Европското првенство (ЕП), меѓутоа Холандија во самата завршница на првото полувреме израмни на 12-12.

Холанѓаните потоа влегоа во катастрофална серија, а Франција знаеше како да го искористи тоа и набрзо поведе со 19-12, па така го реши прашањето за победникот во натпреварот, а до крајот успеа само да стигне до убедливи 34-24.

Мине беше најефикасен кај Франција со осум постигнати голови, додека Смитс постигна четири за Холандија.

Германија издржа само едно полувреме против Шпанија во кое имаше и водство од 11-10, но Шпанците со добра игра направија пресврт пред паузата (14-12).

Шпанските ракометари го „нокаутираа“ ривалот на почетокот на вторите 30 минути, кога стигнаа до седум гола предност (20-13), по што Германија повеќе не успеа да ја врати неизвесноста во натпреварот (23-29).

Македа беше најдобар кај Шпанците со шест погодоци, додека Зикер постигна четири за Германија.