Шамбери ги изненади Лазаров и Нант во францускиот Куп

Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров заедно со својот Нант беа шокирани во четвртфиналето на францускиот Куп, откако од нив беше подобар Шамбери со 36-33.

Шамбери одигра многу поквалитетен ракомет во првите 30 минути, па на паузата замина со предност од пет погодоци (20-15).

Во вториот дел Нант го притисна својот противник, па во финишот успеа да стигне и до израмнување (28-28), но едноставно не можеа да направат целосен пресврт.

Шамбери одигра сигурно во финишот, па за неколку минути стигна и до 34-30 и тогаш беше решено прашањето за победникот (36-33).

Лазаров во поразот на својот тим постигна само еден гол.