Сензационална победа на Португалија над Франција за полуфинале!

Селекцијата на Португалија е најпријатното изненадување на Светското ракометно првенство за кадети кое се игра во Скопје, откако оваа селекција лавеше во четвртфиналниот меч против Франција со 31-26.

Откако вчера ја елиминираше Македонија, Португалците останаа перфектни со седум победи по ред на ова првенство. За противник оваа селекција во полуфиналето ќе ја има репрезентацијата на Египет.

Последниот полуфиналист е Данска која ја совлада Шпанија со 23-19, а токму Данците исто така имаат седум победи и во полуфиналето ќе се сретнат со Германија.