Ристовска и ЦСКА го добија ривалот во полуфиналето на ЛШ

Една од најдобрите македонски ракометарки Сара Ристовска заедно со ЦСКА Москва избори пласман на Ф4-турнирот во Лигата на шампиони (ЛШ), а денеска го дозна и ривалот во полуфиналето на елитното натпреварување.

ЦСКА за првпат се пласира на Ф4-турнирот, а на денешната ждрепка Ристовска и нејзините колешки од екипата дознаа дека ќе се соочат со тимот на Кристијансанд, додека вториот полуфинален пар е составен од Ѓер и Брест.

Дуелите од полуфиналето на Ф4 се играат на 29 мај од 15.15 и 18 часот, додека борбата за третото место и финалето се закажани на 30 мај од 15.15 и 18 часот.