Ристовска даде четири гола во поразот на ЦСКА од Кристијанштад

Македонската ракометка Сара Ристовска имаше добар настап за ЦСКА Москва, но нејзината екипа загуби со 28-32 од Кристијанштад и направи чекор назад во битката за првите две позиции во групата Б.

Ристовска го заврши натпреварот со четири гола за ЦСКА, но рускиот тим ниту во еден момент од мечот не успеа да го преземе водството и на крајот се соочи со четвртиот пораз.

ЦСКА во моментов се наоѓа на петтата позиција со 10 бодови, односно четири помалку од второпласираниот Кристијанштад.