Речиси и да нема коло, а да ја нема Лејно меѓу најдобрите одбрани

Амандин Лејно како по обичај повторно се најде во изборот на ЕХФ за одбрана на колото во ракометната Лига на шампиони.

Французинката нанижа 14 интервенции и беше една од најзаслужните за убедливиот триумф на Вардар над Будуќност од 31-24.

Со една од 14-те интервенции, Лејно се најде на третото место во изборот на ЕХФ за најдобри пет интервенции на колото, кои можете да ги погледнете ОВДЕ.