Раул Гонзалез е избран за тренер на годината во Франција

Поранешниот тренер на македонскиот и европски ракометен шампион, екипата на Вардар, Раул Гонзалез, е избран за најдобар стратег во Франција, како тренер на најбогатиот клуб во светот - ПСЖ.

За најдобар играч е избран средниот бек на ПСЖ, Сандер Сагосен, кој доби најмногу гласови при изборот.

Меѓу играчите кои се најдоа во овој избор имаше место и за: голман – Родриго Коралес (ПСЖ), лево крило – Хуго Дескат (Монпелје), лев бек – Елохим Пранди (Ним), среден бек – Сандер Сагосен (ПСЖ), десен бек – Недим Ремили (ПСЖ), десно крило – Мохамад Санад (Ним) и пивот – Николас Турна (Нант).