Ракометарките на Митјиланд урлаат, слават четврт-финале против Вардар! (ВИДЕО)

Митјиланд е последната екипа која го пополни четвртфиналното друштво во женската Лига на шампионите, а ракометарките од напред знаеја дека, ако се пласираат, таму ги чека Вардар.

Успеаја да го совладаат својот домашен ривал, Никобинг и со тоа да го освојат четвртото место во групата Б. Немаше крај на славјето, а во соблекувалната имаше и посебна кореографија. Мелодијата е позната навивачка, дури и вардарова.

Митјиалнд и лани беше пречка на вардарки за пласман на Ф4-турнирот, а македонскиот тим победи и дома и на гости. Досега се сретнаа седум пати, откако Вардар значи нешто во елитата, а Митјиланд победи само еднаш, во првата сезона, во март 2014, во рамки на главната фаза (25-24).