Рајн-Некар го совлада Кристијанштад, Талески постигна четири гола

Рајн-Некар Левен во десеттото коло од Лигата на шампиони успеа да го совлада Кристијанштад со 32-27 и така обезбеди пласман во нокаут-фазата.

Домаќините имаа предност само на почетокот на дуелот од по еден гол предност (3-2), а потоа Рајн-Некар направи целосен пресврт и во еден момент имаше и +7 (14-7) во првото полувреме, но по првите 30 минути заминаа со водство од 18-13.

Во второто полувреме Кристијанштад направи мал притисок и се обиде да се врати во игра, откако стигна на негатива од 18-20, но тоа не беше доволно бидејќи екипата на македонскиот репрезентативец Филип Талески притисна и го одржа водството, па на крајот запиша нова победа (32-27).

Талески одигра солиден натпревар за својата екипа и постигна четири гола во триумфот.