Талески поуспешен од Лазаров, Рајн-Некар го доби дербито со Нант

Во дуелот на македонските репрезентативци во осминафиналето во Лигата на шампионите, Рајн-Некар на домашен терен го совлада Нант со 34-32. Филип Талески не постигна гол, а Кире Лазаров двапати беше прецизен.

Нант за нијанса подобро го почна мечот против Рајн-Некар, па ја одржуваше предност од три голови (4-7), но како минуваше времето, домаќинот израмни на 10-10, но екипата од Франција не го испушташе водството до самиот финиш на првите 30 минути, кога Рајн-Некар направи пресврт и поведе со 18-16 на полувреме.

Во вториот дел повторно се водеше жестока битка до средината на второто полувреме (25-23), а потоа Рајн-Некар успеа да стигне и до максимална предност од 31-26, но во финишот Нант заигра подобро и успеа да го ублажи поразот на 32-34.

Најдобар во германската екипа беше Јаник Колбахер со 11 постигнати голови, додека кај Нант најефикасен беше Гај Оливие Ниокас. Од друга страна, Лазаров постигна два гола, додека Талески доби солидна минутажа, но не направи ништо посериозно.