ПСЖ се испоти во Данска, Веспрем го уништи Колштад
Францускиот гигант од Данска се враќа со победа од 31-28. Домаќините во голем дел од средбата беа рамноправен противник, посебно во првиот дел во кое имаа и водство од еден гол разлика. Сепак, во вториот дел не успеаа да го одржат темпото и ПСЖ со серијата од три гола разлика при 21-21 го одлучи натпреварот во своја корист.
Во вториот натпревар немаше неизвесност и Вепсрем убедливо со 43-29 го совлада Клостад. Домаќините се држеа во првото полувреме кое заврши со 19-15 во корист на Унгарците, но во вториот за брзо целосно се распаднаа.