ПСЖ и Раул го покорија Мотор: Пешевски со перфектен ефект

Денеска стартуваше ракометната Лига на шампиони за Моторо Запорожје на македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски и ПСЖ на селекторот Раул Гонзалес.

„Светците“ ја почнаа сезоната со сигурна победа на гостувањето во Украина од 29-35 во рамки на Групата Б. Тимот на Раул Гонзалес имаше предност од пет голови и на полувремето од 12-17. Во вториот дел, парижаните ја одржуваа предноста која ниту еднаш не падна под четири голови разлика, а најголемата изнесуваше седум голови.

Недим Ремили со осум голови беше најефиксен во редовите на ПСЖ, додека по пет голови постигнаа Никола Карабатиќ и Лик Абало. Кај Мотор, Аиденас Маласинскас со шест голови беше најпрецисен, додека македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски постигна три голови од три шута кон противничкиот гол.