Пропадна трансферот на Гедбан во Шпанија: Голманот се сели во Катар?

Пред речиси две недели беше објавено дека голманот на европскиот шампион Вардар, Калифа Гедбан ќе се пресели во Адемар Леон, но такво нешто очигледно нема да се случи, ако може да се верува на шпекулациите на „Диарио де Леон“.

Медиумите откриваат дека алжирскиот голман нема да се пресели во Адемар, зашто не можел да се договори за платата, односно барал двојно повеќе пари отколку што му нудела шпанската екипа.

Вардар во моментов се соочува со финансиска криза, па Гедбан иако има договор за уште една сезона, сепак се шпекулира дека ќе си најде нов клуб во Катар, кој ќе може да му ја даде платата што ја посакува.