Познати се учесниците на ЕП 2020: Сите екс-Ју држави обезбедија пласман!

Македонија денеска славеше со 27-23 против Грција во Струмица, па така го потврди својот пласман на Европското првенство (ЕП) во 2020 година.

Интересен е податокот дека сите држави од бивша Југославија, односно Македонија, Србија, БиХ, Словенија, Црна Гора и Хрватска се пласираа на ЕП.

Настап на ЕП 2020, покрај екс-Ју државите обезбедија и Австрија, Белорусија, Чешка, Данска, Франција, Германија, Исланд, Унгарија, Летонија, Норвешка, Летонија, Полска, Португалија, Русија, Украина, Шпанија, Шведска и Швајцарија.