Познати составите на Охрид и Татабања за финалето во Европскиот куп (ФОТО)

Македонскиот ракометен клуб Охрид денеска гостува кај Татабања во првиот натпревар од финалето на Европскиот куп на ЕХФ, а неколку часа пред мечот беа објавени составите на двете екипи.

Тренерот Борис Ројевиќ избра 14 ракометари за натпреварот во Унгарија поради тоа што има неколку повредени играчи, додека стратегот на Татабања, Едмонд Тот повика 16 ракометари за мечот.

Натпреварот меѓу Татабања и Охрид се игра во Унгарија од 17 часот.

Фото: ГРК Охрид - GRK Ohrid