Порто ја повлече „единицата“ во чест на починатиот Кинтана (ВИДЕО)

Алфредо Кинтана го загуби животот на 32-годишна возраст откако пред неколку дена доживеа срцев удар, а денеска Порто во негова чест реши да го повлече дресот со број еден.

Кинтана беше во болница, каде што не успеа да ја добие најважната битка за животот и почина, а клубот потоа реши да нѐ потсети на неверојатните интервенции на искусниот чувар на мрежата.