Поранешна „вардарка“ стигна до нов рекорд во кариерата

Јованка Радичевиќ одигра неверојатен натпревар за ЧСМ Букурешт против Турингер во Лигата на шампиони. Поранешната „вардарка“ блескаше во победата од 38-30 на нејзиниот тим. 

Десното крило постигна 13 голови, што е нејзин личен рекорд во кариерата. Нејзиниот претходен рекорд беше 12 голови, но Црногорката игра во неверојатна форма и можеби сезонава ќе урне уште некој свој рекорд.

Радиќевиќ по завршувањето на оваа сезона ќе се врати во редовите на Будуќност по многу години.