Поранешен соиграч на Манасков, Борко и на Талески е првиот заразен со КОВИД 19 во Бундеслигата!

Проблемот кој веќе подолг период му носи главоболки буквално на целиот свет, коронавирусот не ја одмина и ракометната Бундеслига, од каде што доаѓаат информации дека прв заразен со КОВИД 19 е играчот на Рајн Некар, Мадс Ларсен.

Станува збор за искусен дански репрезентативец, кој низ кариерата беше соиграч со македонските репрезентативци Борко Ристовски, Дејан Манасков и Филип Талески.

„Ларсен имаше симптоми на грип, но по извршеното тестирање се покажа дека е позитивен на коронавирус. Веднаш беше испратен на 14-дневен карантин заедно со членовите на неговото семејство. Со нашиот клупски доктор, како и со властите и правиме сѐ што е во наша моќ за да спречиме дополнително ширење на вирусот“, објавија од Рајн-Некар Левен.

Данецот е член на „лавовите“ уште од 2014 година, но летово сигурно ќе си замине од овој клуб, откако веќе го договори трансферот во Фленсбург.