Репрезентативец има уникатен предлог за ново име на државата - РРМ! (ФОТО)

Успесите на ракометната репрезентација на Македонија на Европското првенство (ЕП) во Хрватска, каде што избраниците на Раул Гонзалес како први на табелата влегуваат во втората фаза, будно се следи и од сите активни ракометари и поранешни репрезентативци, кои на секаков начин им изразуваат поддршка во обидот да дојдат и до медал.

Меѓу нив е и членот на Еурофарм Работник, Лазо Мајнов, кој зад себе има и 56 настапи за жолто-црвените со 96 постигнати голови. Тој постојано ги бодри своите доскорешни репрезентативни колеги преку социјалните мрежи, а по вчерашното реми вредно победа над Германија имаше и уникатен предлог за новото име на држават, тема која и тоа како е актуелна деновиве и покрај еуфоријата поради настапот на Лазаров, Стоилов и останатите во Загреб.

„Ако веќе мора да се смени името, најдобро решение ќе биде Ракометна Република Македонија“, напиша Мајнов.