Почина селекторот кој прв ја предводеше Македонија на едно големо натпреварување!

Човекот кој ја предводеше македонската ракометна репрезентација до седмата позиција на Светското првенство (СП) во Германија во 1997 година, Богдан Маковеј почина денеска на 67-годишна возраст во Романија.

Маковеј е првиот селектор кој ја предводеше Македонија на едно големо натпреварување, а се запиша во историјата со големиот успех, кој не беше единствен за него затоа што беше успешен и на кормилото на Кометал Ѓорче Петров и Пелистер.

Екипата на Кометал на чело со Маковеј стигна до четвртфиналето во Лигата на шампиони, а исто така искусниот селектор во сезоната 2001/02 како тренер на Пелистер стигна до финалето на ЕХФ Челинџ Купот.