Писонеро зема уште еден Македонец: Димитриевски потпиша за Валјадолид

Македонскиот ракометар Дарко Димитриевски се врати во Шпанија и потпиша договор со Валјадолид, каде што игра и Димитар Димитриоски.

Димитриевски минатата сезона го носеше дресот на Емстеден, но клубот испадна во Третата лига, па средниот бек повторно ќе заигра во Шпанија, каде што тренер ќе му биде поранешниот стратег на Вардар, Давид Писонеро.

Во минатото Димитриевски играше за Куманово, Металург, Катар Спорт, Хапоел Ашдод, Сагунто, Адемар Леон и уште неколку екипи.