Писонеро ќе мора да се откаже од големото засилување за натпреварите на Супер Глоуб

Европскиот ракометен шампион, акипата на Вардар се соочува со неколку проблеми пред стартот на ИХФ Супер Глоуб во Саудиска Арабија. Покрај повредените Толедо и Стоилов, тренерот на „црвено - црните“, Хозе Писонеро ќе мора да се откаже и од услугите на Павел Атман за првиот голем настан во сезоната.

Имено, Атман не настапи на контролниот натпревар со Еурофарм Работник кој се одигра денеска во Скопје, а на трибините се појави со бандажиран прст.

Средниот бек од Хановер дојде во Вардар ова лето и треба да биде искусна алтернатива за Скубе на среден бек, а по потреба да игра и како лев бек. Македонската публика го памети како еден од клучните ракометари во редовите на Металург.