Пик Сегед поита да се сретне со Вардар во ЛШ

Унгарскиот ракометен шампион, Пик Сегед, имаше успешен прв круг во осминафиналето од Лигата на шампионите. На гостувањето кај Висла Плоцк, славеше со 22-20.

Пик Сегед е потенцијален противник на Вардар во четвртфиналето, последниот чекор до Ф4-турнирот во Келн и затоа фановите на црвено-црните будно го следеа денешниот меч во Плоцк.

За жал, изненадувањето, кое се кроеше цел меч не успеа на крајот. Висла водеше, речиси, во цело прво полувреме ,во еден момент и со 7-3, сепак на пауза замина со 10-10. И во вториот дел ја врати предноста, но на десетина минути до крајот Пик Сегед притисна. Со серија од 3-0 победе со 20-18 и ја задржа таа позитива до крајот. Најефикасен беше доскорешниот вардарец, Жоан Кањелјас, со пет гола.

Сепак и Пик Сегед и Вардар ќе треба да ги потврдат победите и на домашен терен, идниот викенд. Унгарците ќе имаат потешка задача со овие плус два, со оглед дека Висла е опасен гостински тим. Впрочем, во осминафиналето се изборе со гостинска победа кај Силкеборг од седум разлика, откако претходно дома загуби со четири.

Потсетуваме дека Вардар брилираше синоќа во Загреб, создавајќи со предност од плус девет за реваншот во Скопје (27-18).