Петти триумф на Барселона, денеска настрада Алборг!

Барселона има максимални пет триумфи по пет одиграни натпревари во ракометната Лига на шампиони, откако денеска го совлада Алборг со убедливи 42-33.

Каталонскиот гигант уште еднаш покажа дека е расположен во нападот, па само во првото полувреме постигнаа 20 голови во мрежата на гостинската екипа (20-18).

Гостинскиот тим во второто полувреме се изгуби на теренот, зашто почна доминацијата на Барселона, која го засили темпото и на крајот стигна до конечни 42-33.

Барселона третпат сезонава на домашен терен постигна повеќе од 40 голови, што е навистина неверојатен податок.