Шести пораз за Еурофарм: Спортинг ги декласираше битолчани во Лисабон

Еурофарм Работник беше декласиран на гостувањето кај Спортинг и тоа со убедливи 26-36 во седмото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Битолската екипа успеа да се држи само една третина од првото полувреме (6-6), по што почна серијата на домаќините. Најпрво Спортинг направи 3-0 серија за 9-6, а потоа имаше и серија од пет погодоци за водство од 16-8, по што беа јасни многу работи на натпреварот.

Битолчани покажаа искра надеж на стартот на второто полувреме, кога намалија на 15-19, но Спортинг беше внимателен во продолжение од вторите 30 минути, па на крајот славеше убедливо со 36-26.

Еурофарм останува на дното на табелата со само два освоени бодови, односно една победа и шест порази.