Пет гола за Ристовска во триумфот на ЦСКА во ЛШ

Македонската ракометарка Сара Ристовска беше одлична во денешниот натпревар на ЦСКА Москва, која славеше против Кастамону со 34-27 во ракометната Лига на шампиони (ЛШ).

Ристовска заедно со нејзините другарки успеаа да го скршат отпорот на противникот во второто полувреме, откако по првите 30 минути беше 16-15, па така запишаа убедлива победа во нивниот прв меч во ЛШ.

Македонката беше одлична и заврши како втор најдобар стрелец за нејзината екипа со пет постигнати голови, додека најдобра беше Ана Грос со 10 погодоци.