Пешевски избран во тимот на колото во Бундеслигата (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски блесна во ремито на Штутгарт против Лемго (26-26), откако постигна осум голови и беше играч на натпреварот, но доби место и во тимот на колото во Бундеслигата.

Пикерот ја тресеше противничката мрежа дури осум пати од девет шута кон голот на Лемго, па си го заслужи местото меѓу најдобрите во четврото коло во германскиот шампионат.

Ein Derbysieger steht im Tor, ein Aufsteiger führt Regie in der Mannschaft des 4️⃣. Spieltags ➡️ Was sagt ihr zur...

Posted by LIQUI MOLY HBL on Monday, October 19, 2020