Пешевски даде еден гол во триумфот на Штутгарт, порази за Талески и Томовски

Македонските ракометари денеска имаа свои предизвици во Бундеслигата, а само жарко Пешевски на крајот успеа да се израдува на триумф, откако со Штутгарт славеше против Мелсунген со 31-28.

Штутгарт ја запиша третата победа по ред во германскиот шампионат и така излезе од кризата, а во денешниот меч Пешевски успеа да постигне само еден погодок.

Од друга страна, останатите македонски репрезентативци немаа успешен ден со нивните тимови, па Мартин Томовски загуби со Лудвигсхафен од Хановер со 24-26 и така остана во опасната зона, додека Филип Талески и неговиот Балинген беа поразени од лидерот Фленсбург со 25-32.