Пешевски даде четири гола за Штутгарт, Томовски имаше една одбрана против Мелсунген

Македонските ракометари денеска имаа своите настапи во германското првенство, а со победа може да се пофали Жарко Пешевски со Штутгарт, а Мартин Томовски со Лудвигсхафен одигра реми против Мелсунген (25-25), додека Филип Миркуловски и Вецлар загубија од Фленсбург со 28-31.

Штутгарт успеа да слави против Гепинген со 29-26, додека Пешевски постигна четири гола од четири обиди во победата на неговиот тим.

Томовски запиша само една одбрана за Лудвигсхафен, но таа не беше доволна за тимот на македонскиот голман да триумфира (25-25).