Пенезиќ во „Три ѕвезди“, Суслина и Лакрабер меѓу најатрактивните! (ВИДЕО)

Вардарки ја заокружуваат главната фаза по групи од Лигата на шампионите со три признанија за најдобрите и најатрактивните на колото.

Не е големо изненадување што Андреа Пенезиќ е прогласена за една од трите најкорисни ракометарки во последното, шесто коло. Хрватката постигна 10 гола во победата на гости кај Будуќност и поита во трка за најдобар стрелец во ЛШ, покажувајќи уште еднаш дека е најважна алка во голгетерските задачи на ЖРК Вардар.

Покрај неа, во рубриката „Три ѕвезди“ се уште и голманката на Ростов Дон, Маиса Песоа и Стине Офтедал од Ѓер. 

Уште две вардарки добија место во магазинот на најдобрите и најатрактивните. Александра Лакрабер за својата шрауба го доби третото место меѓу топ-5 гола, а Ина Суслина со двојна интервенција се избори за петта најдобра одбрана ова коло. 

Вардарки ја завршија главната фаза првопласирани во својата група и го добија Митјиланд за противник во четвртфиналето. Двата натпревара ќе се играат во периодот од 6 до 15 април, прво во Данска, а потоа во Скопје..