Пенезиќ: Тие можеби се гладни за успех, но ние сме погладни!

Андреа Пенезиќ беше ракометарката на Вардар присутна на ждрепката за Ф4-турнирот во Виена и таа ги сподели првите импресии за противникот Ростов Дон.

Кога ја прашаа сред ждрепката, кога беше јасно само дека не можат да го добијат Ѓер, Пенезиќ рече дека, можеби, не е лошо за промена овој пат да го избегнат ЧСМ Букурешт, со кого  играа во последните две сезони. На крај, среќарта ја послуша, но таа беше рамнодушна.

2За мене не е многу важно со кој ќе играте во полуфинале, па во финале. Ако вашата цел е титулата, мора да забележите две победи.“, рече Пенезиќ.

Подели комплименти за Ростов, но потенцираше дека ова им е последна сезона на ракометарките во Вардар и поради тоа се екстра мотивирани.

„Ростов е одличен тим, оваа сезона покажа одличен квалитет. Никогаш не сме се сретнале и не знаеме како ќе си одговараме. Тие се гладни за успех, но ние сме уште повеќе, така што ќе биде добар натпревар Ова ни е последна сезона, ние кажуваме збогум на нашите навивачи, на Македонија, затоа веруваме дека ќе имаме голема поддршка“, додаде Пенезиќ.

Ф4 во Будимпешта се игра на 12 и 13 мај, а за Вардар ова ќе биде петто учество.