Пелистерки се осминафиналистки во Челинџ-купот

Екипата на ЖРК Пелистер го преживеа третото коло во Челинџ-купот и се пласира меѓу најдобрите 16 екипи.

Пелистерки покажаа дека се поквалитетни од Ла Сале од Малта и во вториот натпревар, кој се одигра вечерва во Битола. Овој пат славеа со 27-20, за еден гол поубедливо од првиот меч (30-24) и уверливо продолжија во следното елиминациско коло од Челинџ-купот.

И овој пат Јанкуловска беше најефикасна со шест гола, а толку постигна и Каранфиловска, еден помалку имаше Божиновска. Следната фаза е осминафиналето во третиот по ранг куп на ЕХФ, во кој битолчанки ќе имаат многу посериозен противник од малтешкиот дебитант.