Парондо: Ни беше многу тешко, Миклер беше одличен!

Парондо не успеа да го победи својот сонародник и пријател, Давид Дејвис, беше немоќен и беспомошен во финишот, кога ништо не функционираше. Како причина за поразот го истакна извонредниот Роланд Миклер, кој запиша девет одбрни за 30 минути.

Парондо вели дека им било многу тешко да играат во второто полувреме, кога имавме многу промашувања.

„Честитки за Веспрем, тие одиграа добар меч денеска. Ние не сме задоволни, сакавме да победиме, но не можевме. Одигравме многу добро прво полувреме, но за жал не можевме да го задржиме тоа во второто полувреме. Го почнавме лошо, ја загубивме предноста и потоа ни беше тешко да играме во последните 10 минути. Одличен беше нивниот голман Миклер, ние се обидовме, но тие беа подобри, ние промашивме многу удари“, вели Парондо.