Освен што ќе настапи во Келн: Дисингер и следната сезона ќе игра во дресот на Вардар!

По најавата за заминувањето на Сергеј Самсоненко од таборот на ракометниот шампион Вардар, во последните неколку дена се редат само позитивни информации поврзани со црвено-црните па по најавите на Михајло Михајловски дека клубот нема да згасне и ќе продолжи во ист стил доаѓа веста за останување на Германецот Кристијан Дисингер и во следната сезона.

Неофицијално, од блиски избори до поранешниот европски првак, тој решил да го испочитува договорот кој го има со Вардар и за следната година, што значи дека нема да брза да земе исписница туку ќе почека на новата управа која уште сега има амбициозни најави.

Згора на тоа, Дисингер ќе биде во комбинација и за претстојниот завршен турнир од Лигата на шампионите во Келн (1 и 2 јуни), по тешката повреда на рамото добиена во финалето од СЕХА-лигата против Загреб.