Ослабената Германија немоќна пред Норвешка

Норвешка ја запиша и втората победа во главната фаза на Европското првенство во Унгарија и Словачка откако вечерва со 28-23 ја совлада Германија во рамки на Групата 2. 

Скандинавците со овие бодови остануваат во игра за пласман во полуфиналето односно освојување на едно од првите две места. Германците беа немоќни да се спротивстават, бидејќи беа десеткувани од Ковид-19, па имаа само водство во првите минути до 6-5. Потоа до самиот крај доминираше Норвешка. На полувремето беше 12-14, а потоа како одминуваше времето предноста на Норвежаните само стануваше посигурна и постојано се движеше од 4 до 6 голови за конечни 23-28. 

Ерик Торнстајнсен Тофт постигна седум голови за Норвешка, додека кај Германија најмногу се истакна Јоханес Гола со четири. 

Во следното коло на 23 јануари, Норвешка се среќава со лидерот во групата Шпанија, која моментално има два бода повеќе, односно шест.