Одбраната на Паличка со која ги расплака Французите (ВИДЕО)

Шведска ќе игра против Шпанија во неделното финале на Европското ракометно првенство во Унгарија и Словачка, реприза на финалето од Еуро 2018, а херој на „викинзите“ беше голманот Андреас Паличка, кој со одбрана на осум секунди пред крајот ги расплака Французите.

Шведска влезе со два гола предност во последната минута, ама набрзина направија две грешки во лудите 60 секунди за на „триколорите“ да им овозможат шанса да се изборат за продолженија и Французите дојдоа на чекор со зицетот на осум секунди, ама Паличка кој блескаше со 12 интервенции го имаше потегот на мечот и ги вивна Швеѓаните кон финале и битката за петтото европско злато во историјата.