Нов херојски меч на Србија против Франција: Цупара одбрани бод против „триколорите“

Откако успеаа да ја победат Франција во првиот меч во евроквалификациите, северниот сосед Србија направи ново изненадување на гостувањето, играјќи реми 26-26, со што Србите практично ќе имаат виза за настап на континенталниот шампионат, зашто Белгија и Грција не би требало да им бидат сериозен противник, кога веќе во меѓусебниот дуел се подобри од олимпискиот првак.

Голманот на Србија, Владимир Цупара со сјајна одбрана на секунди пред крајот, кога Франција имаше напад за победа, обезбеди бод за Србија на гостувањето, кога северните соседи играа со ракометар помалку и имаа водство, но „триколорите“ сѐ што направија е само да дадат гол за нерешено.

Србија во првиот меч во Зрењанин ја победи Франција со 27-24, па сега со три бода од два меча е прва на табелата во квалификациската група, Франција има еден бод од два меча, додека Белгија и Грција немаат одиграно ниту еден дуел засега.