Норвешка ѝ го нанесе најголемиот пораз на Германија во историјата на ЕП

Норвешка ја совлада Германија со 42-32 во рамки на 2.коло во Групата Д на Европското првенство што се одржува во Данска. 

За Германките ова е убедливо најголемиот пораз во историјата на Европските првенства, бидејќи претходниот рекорд беше со 11 голови разлика од Унгарија во 2000 година. За Норвежанките ова е втора убедлива победа на турнирот, бидејќи и во првото коло против Полска славеше со 35-22. Нора Мерк беше незадржлива во победничкиот табор со 12 голови.

Русија исто така останува перфектна по две кола во Групата Б, бидејќи денеска ја совлада Чешка со 24-22.