Никој не може да го запре Веспрем: Манасков и другарите го уништија Ференцварош

Веспрем продолжи да ги гази ривалите во унгарскиот шампионат, а денеска негова жртва беше Ференцварош (39-28).

Екипата на македонскиот ракометар Дејан Манасков одигра фуриозно прво полувреме, кое го доби со убедливи 19-11 и најави висок триумф и во денешниот меч, кој на крајот го доби со 39-28 и така ја оправда фаворитската улога.

Манасков постигна два гола од три удари кон противничкиот гол, додека Данил Шишкарев беше најефикасен со осум голови.