Никој како нашата легенда: Лазаров постави рекорд во ЛШ кој тешко ќе биде - урнат!

Македонскиот селектор и ракометар на Нант, Кире Лазаров постави рекорд во ракометната Лига на шампиони (ЛШ) кој делува неверојатно и тешко дека некој може да го урне набрзо.

Лазаров ја почна европската кариера во 1995 година, кога како 15-годишно момчет го одигра првиот меч во елитното натпреварување, а сега ќе продолжи со четвртфиналниот меч меѓу Нант и Веспрем.

Македонскиот ракометар стигна до неверојатен успех, односно ќе настапи во неговото 17. четвртфинале во ЛШ, кое му е трето со Нант, а најмногу настапи меѓу најдобрите осум имаше со Веспрем, и тоа во период од 2002 до 2007 година.

Најдобриот стрелец во историјата на ЛШ со 1471 гол пред два дена го прослави својот 41. роденден, а неодамна кажа дека планира и следната сезона да игра ракомет.