Раул со Вардар на дури 76 проценти од натпреварите во ЛШ е непоразен!

Тренерот на актуелниот европски шампион Вардар, Раул Гонзалес веќе четврта година го води клубот, а вчера успеа да стигне до важната 45. победа во Лигата на шампиони против ПИК Сегед, со која „црвено-црните“ се доближија на чекор до директен пласман во четвртфинале.

Тоа беше вкупно 69. натпревар во елитното европско натпреварување на Раул со екипата на Вардар, а притоа на тие натпревари има 45 победи, осум нерешени средби и 16 порази. Наредниот викенд „црвено-црните“ против Нант ќе имаат шанса со освојување на еден или два бодови и можност да го зацементираат првото место во групата.

Шпанецот има шанса да дојде до бројката од 75 натпревари, но за тоа Вардарци ќе мора да го прескокнат својот ривал во четвртфинале, а потоа и да триумфираат и во полуфиналето на Лигата на шампиони.