Нант поразен од Лемго: Лазаров постигна три гола

Нант загуби со 27-28 од Лемго во рамки на 2.коло од групата Б во Европската лига на ЕХФ. 

Гостите водеа во најголем дел од натпреварот, а на полувремето имаа 10-12. Во второто полувреме францускиот тим успеа за момент да го сврти резултатот во своја корист, но тоа траеше многу кратко, па Лемго сигурно ја чуваше предноста до самиот крај за 27-28.

Македонскиот селектор и капитен, Кирил Лазаров постигна три голови за Нант од шест удари. Тибо Бриет беше најефикасен со пет голови, додека Џонатан Карлсбогард со седум голови најмногу се истакна кај Германците.