Нант не дозволи изненадување: Лазаров постигна четири гола против Сент Рафаел 

Сент Рафаел се покажа како незгоден противник против Нант, но сепак на крајот триумфираше екипата на македонскиот репрезентативец Кире Лазаров со 33-29.

Противникот на Нант покажа цврста игра во првото полувреме, па на пауза имаа водство од 16-14, по што Лазаров и другарите мораа да пристинат повеќе во вториот дел.

Лазаров немаше баш најдобар натпревар затоа што успеа да постигне само четири гола од дури десет обиди.