Наградена магичната партија на Русинот: Тимур Дибиров во тимот на колото во ЛШ!

Вардар успеа да забележи значајна победа на тешкото гостување во Манхајм против Рајн-Некар Левен. Еден од најистакнатите поединци во црвено-црните редови беше Тимур Дибиров, кој постигна седум голови од девет обиди кон противничкиот гол. 

Летечкото руско крило одигра извонреден натпревар, беше максимално прецизен од крилната позиција, а во финишот на натпреварот успеа да го изненади гигантот од Германија и со гол од девет метри. Тоа го забележаа објективите на ЕХФ па заслужено го вметнаа во тимот на колот.

Покрај Дибиров, во идеалниот тим за 11. коло се наоѓаат и : Винсент Жерар, Михаил Јурецки, Барис  Пухоуски, Иван Сршен, Лук Абало и Јаник Колбахер.