Награда за одличната партија против Веспрем: Гогов има одбрана во ТОП 5 (ВИДЕО)

Младиот македонски голман Васил Гогов се најде во изборот на ЕХФ на најдобри одбрани во рамки на реванш натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампиони. 

Тој имаше осум интервенции во второто полувреме на гостувањето кај Веспрем и беше еден од најзаслужните за ремито 31-31. Неговите одбрани не останаа незабележани од ЕХФ, па една дури и заврши во Топ 5, односно на четвртото место. 

Најдобрите одбрани можете да ги погледнете ТУКА.