Португалски Спортинг Лисабон му го расипа дебито на Еурофарм Работник во Лигата на шампионите, откако денеска зелено-белите од Лисабон славеа на гостувањето во Битола со 30-29 во салата „Боро Чурлевски“ во првото коло во ракометната елита.

Еурофарм имаше сила да парира и да игра егал меч со фаворитот во групата до 41-та минута, кога последен пат имаа нерешено 21-21, но потоа нападите стануваа се потешки и безидејни, а грешки Спортинг лесно ги искористи за да исчекори со серија од 3-0 (24-21) кон победата. Битолчани најмногу што успеваа беше да се приближат на гол негатива, првпат по гостинската серија на десет минути пред крајот (24-25), но Спортинг брзо се врати на покомотна предност, а последниот обид во завршните 100 минути го однесе Работник повторно да дојде на гол-негатива, но без шанса да се избори за барем реми.

Еурофарм во две третини од мечот беше на ниво, во поголем дел и рамноправен противник, но малите периоди на криза и неискуството денеска пресудија да не освојат барем бод. Во првиот дел Работник имаше и највисоки два предност, на пауза замина со гол предност (16-15), но кобни се покажаа тие две-три минути во последната третина од мечот, кои ја најавија победата на гостите.

Ловро Јотиќ и Владислав Остроушко со по пет гола беа најефикасни кај Еурофарм, Невен Сјепановиќ даде четири гола, додека кај Спортинг, Валентин Маријан Јоинеа со десет гола од 12 обиди беше практично незадржлив и предводник на португалскиот тим. Карлос Руесга даде пет гола, Едмилсон Араухо додаде четири гола