Илјадници навивачи на Вардар веќе го окупираа скопскиот аеродром и во транс нестрпливо ги чекаат своите херои, ракометарите на македонската гордост кои вчера се крунисаа за европски шампиони на фајнлфорот во Келн.

Најверните навивачи на Вардар, Комити кои половина час се загреваа пред спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, тргнаа во неверојатно огромно кортео со автобуси, мотори придружени од Ноќните волци и со автобуси за да ги пречекаат милениците, па пред скопскиот аеродром веќе врие од вардарци кои не ги штедат гласните жици.

Навивачите на Вардар ќе се изначекаат на аеродромот, сооглед дека допрва авионот со ракометарите ќе полета од Келн, па дури за два часа ќе слета на скопскиот аеродром. Првично беше планирано пред 19 часот да допатуваат, но сето тоа се одолговлечи, па и прославата на плоштадот Македонија се пролонгира.