Миркуловски го доби дербито против Талески, Штутгарт и Пешевски повторно загубија

„Македонското“ дерби во германското првенство го доби Вецлар, кадешто настапува Филип Миркуловски, против Балинген (34-33), односно тимот на Филип Талески.

Во мечот беа забележани големи возбудувања, а македонските ракометари не може да се пофалат со многу добри настапи, зашто и двајцата постигнаа по еден гол за своите екипи.

Од друга страна, пак, Жарко Пешевски и неговиот Штутгарт немаа доволно муниција за Хановер, кој славеше на гостувањето со 28-23.